| четврток, 6 декември 2018 |

Флуменесе го избрка Роналдињо

ronaldinjo

Бразилскиот тим Флуминенсе објави дека по само три месеци го раскинува договорот со Роналдињо.
Живата легенда на бразилскиот и на светскиот фудбал, Роналдињо, за продолжување на својата кариера пред три месеци инсистираше да се врати во клубот од својата земја и го одбра Флуминенсе, иако на негова адреса пристигнаа безброј понуди. Пред да се пресели во новиот клуб, тој настапуваше за мексиканскиот Керетаро. Во Флуминенсе не беа задоволни од неговите настапи бидејќи на девет средби не успеа да ја затресе мрежата на противничките екипи, ниту да асистира до неговите соиграчи.

– Флуминенсе го објавува прекинот на договорот со Роналдињо, пријателски и со обострана согласност на двете страни. Фудбалерот од првиот момент се однесуваше максимално професионално и со почит кон сите во клубот, работеше напорно и на тренинзите. Со неговиот трансфер покажавме дека сѐ уште можеме да привлечеме врвни фудбалери во нашиот клуб. За жал, соработката се прекинува, но ние му посакуваме на Роналдињо многу среќа во иднина – се вели во клупското соопштение на Флуминенсе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top