Откако во петокот малку по пладне склопија брак во жупната црква на Бале, Хрватска, Северина Вучковиќ и Игор Којиќ имаат полни раце работа зашто пред новопечените младенци се интензивни работни денови.
Сплиќанката со еднаков интензитет оди на настапи по регионот, а придржувајќи се на заедничкиот договор, репилеи на најблиските пријатели да им премолчат и да се венчаат во тајност на Истра. Граѓански брак, за да биде мистеријата поголема, склопиле непосредно пред заминувањето во Бале. И тоа во Пула, во старото јадро во кое се наоѓа градското собрание.
Но, познавачите на социјалните мрежи сега препознваат дека зад организацијата на целиот настан стои менаџерот и пријател на Северина, Едвин Софтиќ, кој со недели претходно на својот „Фејсбук“ објавувал фотографии од вилата „Лав“ во Бале, сопственост на поранешниот министер за внатрешни работи и хашки осуденик Љубе Бошкоски.
Додека тој ја одлежува казната затвор за а помагање во случајот „Ровер“, семејниот бизнис го води неговата сопруга Виолета, а се дознава и дека таа вечер за младенците и за нивното блиско семејство цела ноќ се служеле македонски специјалитети. Имало триесетина сватови.
Семејството Коиќ, Кеба и неговата сопруга Оља, во Истра пристигнале во друштво на кумот Борис Ѓикановиќ, најдобриот другар на Игор. Од страната на Северина од Сплит птистигнале мајка ѝ Ана, двете постари сестри Зденка и Мара и нивните деца, а пејачката за старосватица ја избра Андреа Чермак.
Иако големата журка е закажана за 22 ноември во белградски хотел, каде што младенците ќе пречекаат околу 500 пријатели и роднини, и во Бале било весело, за што била задолжена групата „Паганини“, кои, исто така, сè додека не пристигнале не знаеле кому ќе му свират. Интимната веселба траела до утрото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!