| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс влегува меѓу легендите, 260 недели на врвот на ВТА-листата

Најдобрата тенисерка на светот, Американката Серена Вилијамс, на денешната најнова ВТА-листа секако остана на првото место, но уште повеќе е значајно што тоа ќе ѝ биде дури 260.недела како лидер во пласманот и се израмни со легендата Крис Еверт.
Јасно е дека Вилијамс следната недела ќе осамне на третото место на сите времиња, бидејќи има 11.500 бодови, дури 5.000 повеќе од второпласираната Симона Халеп, која нема шанси да ја загрози.
Сепак, засега далеку пред неа се Мартина Навратилова со 332 и Штефи Граф со 377 недели на првото место, па се поставува прашање дали се тие достижни за Серена, имајќи предвид дека таа во саботата наполни 34 години.

Многу поверојатно е, Вилијамс да ги достигне Навратилова и Граф по бројот на последователни недели поминати на врвот. Од оваа недела, таа е 137 седмици на чело, а со оглед на огромната бодовна предност пред конкурентките, јасно е дека таму ќе остане најмалку уште половина година. За да ја стигне Навратилова ѝ се потребни 19 недели, односно нешто помалку од пет месеци, додека Штефи Граф ѝ бега 49 недели, односно малку повеќе од 11 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top