Во Музејот на македонската борба на 29-ти септември во 19:00 часот ќе биде промовирана автобиографијата „Патот до врвот“ од др Лефтер Манче, во издание на Матица македонска.
Делото ќе го промовираат Паскал Гилевски, Христофер Џавела и Мишо Китановски.
Лефтер Манче ја доживува судбината на илјадниците македонци прогонети за време на Граѓанската војна во Грција. Роден е во село Загоричани 1935 година. Како дете бегалец и прогнаник својата животна одисеја ја продолжува во Унгарија каде што ќе заврши два факултети и ќе стане еден од најпрестижните светски доктори. Лефтер Манче живее во Будимпешта, Унгарија и Отава, Канада. Спаѓа во редот на најистакнатите македонци кои во континуитет ја афирмираат македонската вистина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.