Металург не се предава и ја забележа првата победа во Лигата на шампиони и покрај сите проблеми, подмладување на тимот и намалување на буџетот. Вечерва во СРЦ „Борис Трајковски“ беше надигран Кадетен Шафхаузен со 28-24 за првите бодови во новото издание на ЛШ.
Металурзите постојано водеа, а ги предводеше искусниот Јанко Божовиќ со 8 погодоци. По првиот дел беше 15-11 за нашиот претставник, а со 4 гола предност заврши и мечот. Покрај Божовиќ се истакна и Мраковчиќ со 5 гола за победникот на мечот.
Кај гостите Часар одигра одлично и со 8 гола беше најефикасен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



