| четврток, 6 декември 2018 |

Жив и жилав е Металург, атрактивни 30 минути на македонскиот тим во ЛШ

Жив и жилав е Металург, иако е соочен со многу проблеми и драстично го намали буџетот и го подмлади тимот. Во вториот меч во Лигата на шампионите металурзите одиграа мошне атрактивно и по првото полувреме водат со 15-11 против Кадетен Шафхаузен.

Избраниците на Лино Червар одиграа мудро, ефикасно и се изборија за значајна предност од 4 гола, со што се на прагот на првата победа во новото издание на ЛШ. Во првото коло Металург загуби со 24-30 од Мотор Запорожје.

metalurg

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top