Градоначалникот Марјан Ристески, заедно со министерот за земјоделство Љупчо Димовски, присуствуваше на одбележувањето на 140 години од формирањето на Тутунскиот комбинат и на денот на тутунските работници.
Ристески притоа им го честита празникот на вработените, а на директорите им посака и понатаму да имаат успешна и плодна работа. При тоа градоначалникот Ристески истакна дека се надева во наредниот период Тутунски комбинат да стане уште поуспешна фирма.
Притоа на најдобрите тутунски работници и на најдобриот тутунопроизводител им беа врачени пригодни награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.