По повеќе од 20-годишна работа и усовршување на диети и методи за детоксификација, нутриционистката Ен Луис Џитлемен (64) авторка на триесеттина книги, кои вкучуваат револуционерни диети и совети за враќање на виталноста кај уморен организам, овојпат осмислила детоксикациски план кој вклучува таканаречен чудотворен напиток.
Пијалак со црвена боја, чии основни состојки се: брусница, ѓумбир и лимон, кои на црниот дроб ќе му вдахнат нов живот, ќе го исчистат од токсини а со тоа ќе ја подобрат работата на целиот организам. Црниот дроб е најголемиот чистач во организмот кој ја прочистува крвта, го помага дигестивниот тракт, го регулира шеќерот во крвта и на крајот помага во складиштењето на масти и производството на протеини.
Овој прехрамбен план, кој го осмислила нутриционистката добар е затоа што е применлив во секојдневниот живот кој вклучува безброј активности – од напорна работа до грижи за децата и набавките за секојдневниот живот.
Пред самиот детокс потребно е да се спроведе седмодневен прехрамбен режим кој вкучува овошје и зеленчук за чистење на дебелото црево и приготвување на црниот дроб на еднодневен пост кој следува.
Осмиот ден е резервиран за пост кој вклучува единствено консумирање на вода и овој чудотворен напиток. После испирањето на нечистотиите следува тридневно прилагодување и враќање во „нормала“ за што во голема мера ќе ви помогнат пробиотици – ферментирани намирници кои ги поддржуваат потребните бактерии за поуспешно синтетизирање на витамините и јакнење на имунолошкиот систем.
Состојки за чудотворниот напиток:
2 литри вода од брусница
½ лажица мелен цимет
¼ лажица ѓумбир во прав
¼ лажица мускантно оревче во прав
¾ шолја свежо исцеден сок од портокал
¼ шолја свежо исцеден сок од лимон
1-3 пакетчиња стевија (или по вкус)
Постапка:
Зовријте ја водата од брусница па намалете го огнот и додадете ги зачините. Заедно гответе уште 15-тина минути, па оставете да излади на собна температура. Додадете сок од портокал и лимон, па размешајте ја стевијата. Складирајте и чувајте во фрижидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.