| четврток, 6 декември 2018 |

Каде биле вработени блиските на Андреј Жерновски?

 

Во времето кога кандидатот за градоначалник на Центар на опозицијата Андреј Жерновски бил советник на екс градоначалникот на Скопје Ристо Пенов во јавното претпријатие Водовод и Канализација се вработени неколку негови роднини и блиски луѓе.

Според текстот на весникот Дневник објавен во времето на владеењето на СДСМ во 2005 година во Водовод прва е вработена неговата сопруга Олгица Жерновска по што се вработил  и неговиот брат Кирил. Дополнително во ова јавно претпријатие се вработени  и долгогодишната девојка на неговиот брат како  и неговиот братучед Благоја Жерновски.

Дел од медиумите предходно објавуава и информации за активностите на дедото на Андреј Жерновски. Кирил Жерновски во времето на бугарската окупација на Македонија од 1941 до 1944 бил заменик на Скопскиот кмет кој со цвеќе ги пречекал бугарските окупацсики сили при нивното влегување во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top