Македонскиот интернационалец кој прв настапил во НБА-лигата од нашата земја Перо Антиќ, оваа сезона ќе ги брани боите на турскиот гигант Фенребахче.
Антиќ му се приклучи на тимот уште од почетокот на подготовките бидејќи немаше настап за Македонија на Евробаскетот. Тој забележа одличен настап на премиерата за Фенребахче на турнирот во Задар против екипата на Дарушафака во победата од 62-59 каде за нешто помалку од 25 минути имаше дабл-дабл учинок од 10 поени и 13 скока.
Бројките зад неговото име можеа да бидат далеку поголеми, но Антиќ го повреди коленото во втората четвртина.
Веднаш на стартот од мечот Перо одигра фантастично во нападот погодувајќи 2/3 за три поени, 1/2 за два и две слободни фрлања.
Македонскиот интернационалец исто така ги одигра последните седум минути од средбата и не успеа да постигне нови поени, но затоа, средбата ја заврши со дури 13 скока, што го прави најдобрар „скокач“ во таборот на Фенер.
Покрај Фенербахче и Дарушфака, на силниот пријателски турнир ќе настапат уште домаќинот Задар, грчкиот гигант Олимпијакос, Црвена звезда и Баерн Минхен. Турнирот трае од 24 до 27 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.