| четврток, 6 декември 2018 |

Ароматични плодови кои наоѓаат широка примена

Ана­со­нот или фе­ни­ку­лу­мот е ле­ко­ви­то, аро­ма­тич­но, за­чин­ско рас­те­ние. Се­ме­то (Foeniculi fructus) од ова рас­те­ние со­др­жи од 2 до 7 от­сто ете­рич­ни мас­ла, око­лу 18 от­сто обич­но мас­ло, око­лу 20 от­сто про­те­и­ни и око­лу 5 от­сто ше­ќер. Мас­ло­то и се­ме­то од фе­ни­ку­лум се ко­ри­стат во ме­ди­ци­на­та про­тив по­ду­е­ност, за за­јак­ну­ва­ње на апе­ти­тот и за ле­ку­ва­ње на рес­пи­ра­тор­ни за­бо­лу­ва­ња. Во пар­фи­ме­ри­ја­та и во коз­ме­ти­ка­та се ко­ри­сти за изра­бо­тка на то­а­лет­ни во­ди и за пра­ве­ње па­ста за за­би. Во пре­хран­бе­на­та ин­ду­стри­ја се ко­ри­сти за пра­ве­ње ра­ки­ја - ана­сон­ка, ма­сти­ка, ли­ке­ри, бон­бо­ни, гу­ми за џва­ка­ње итн. На­ро­дот при­го­тву­ва и чај за ле­ку­ва­ње на ор­га­ни­те за ва­ре­ње и на ор­га­ни­те за ди­ше­ње

Ра­сте­ни­е­то што кај нас, во Ма­ке­до­ни­ја, го на­ре­ку­ва­ме ана­сон, не е ана­сон во бо­та­нич­ка смис­ла, ту­ку е круп­но­се­мен ва­ри­е­тет на фе­ни­ку­лу­мот. Фе­ни­ку­лу­мот де­нес се одг­ле­ду­ва на го­ле­ми по­вр­ши­ни во цен­трал­на и во јуж­на Евро­па, во ази­ски­те зем­ји (Ин­ди­ја, Ки­на, Ја­по­ни­ја), во Афри­ка (оа­зи­те на Са­ха­ра), во Бра­зил и во Ар­ген­ти­на. Свет­ско­то про­из­водс­тво на фе­ни­ку­лум, ана­сон и ко­ри­јан­дер се про­це­ну­ва на око­лу 500 ил­ја­ди то­ни. Нај­го­ле­ми про­из­во­ди­те­ли на се­ме, а во­ед­но и из­воз­ни­ци, се Си­ри­ја, Иран, Тур­ци­ја, Ма­ро­ко и дру­ги ме­ди­те­ран­ски зем­ји.

Во Ма­ке­до­ни­ја, глав­но, се одг­ле­ду­ва во цен­трал­ни­те и во јуж­ни­те де­ло­ви, а осо­бе­но во по­ши­ро­ко­то по­драч­је на Ве­лес. На­ша­та зем­ја има по­вол­ни ус­ло­ви за одг­ле­ду­ва­ње на фе­ни­ку­лум. За жал, точ­ни­те по­вр­ши­ни на кои се одг­ле­ду­ва ова рас­те­ние, офи­ци­јал­на­та ста­ти­сти­ка­та не ги бе­ле­жи. Фе­ни­ку­лу­мот што се одг­ле­ду­ва кај нас е за­ста­пен пре­ку две­го­диш­ни или три­го­диш­ни мес­ни сор­ти – по­пу­ла­ции. Ве­ге­та­ци­ја­та на ед­но­го­диш­ни­от фе­ни­ку­лум е ре­ла­тив­но дол­га и трае од 125 до 130 де­на и се слу­чу­ва се­ме­то да не со­зрее, па за­тоа про­из­во­ди­те­ли­те се ори­ен­ти­ра­ни кон по­ве­ќе­го­диш­но одг­ле­ду­ва­ње на ед­на иста по­вр­ши­на.

anason-2

Фе­ни­ку­лу­мот е топ­ло­љу­би­во рас­те­ние и ба­ра уме­ре­на кли­ма со топ­ли ле­та и со бла­ги зи­ми. За вре­ме на ве­ге­та­ци­ја­та му е по­треб­на по­ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра, осо­бе­но во цве­та­ње­то, и то­гаш нај­до­бра е тем­пе­ра­ту­ра­та од 20 до 22 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни. Ако за вре­ме на цве­та­ње­то за­ла­ди или при дожд­ли­во вре­ме оп­ло­ду­ва­ње­то е не­це­лос­но, при­но­сот е по­мал.
Фе­ни­ку­лу­мот не­ма по­себ­ни ба­ра­ња во од­нос на пре­ткул­ту­ра­та, но при­о­ри­тет се да­ва на жит­ни­те кул­ту­ри. Име­но, по же­тва­та на жи­та­та има до­вол­но вре­ме за спро­ве­ду­ва­ње на агро­тех­нич­ки­те мер­ки. Пре­ткул­ту­ри­те не тре­ба да се од ед­но исто се­мејс­тво (на при­мер, мор­ков, маг­до­нос, ко­пар итн.) по­ра­ди тоа што има­ат за­ед­нич­ки штет­ни­ци, бо­ле­сти и по­ра­ди до­ми­нант­ни­те пле­вел­ни ви­до­ви. На исто­то ме­сто фе­ни­ку­лум мо­же да се одг­ле­ду­ва са­мо по 3-4 го­ди­ни.

anason-1

За да по­ник­не бр­зо и рам­но­мер­но, на фе­ни­ку­лу­мот му е по­треб­на до­бро обра­бо­те­на поч­ва со мно­гу вла­га. Фе­ни­ку­лу­мот има ре­ла­тив­но дол­га ве­ге­та­ци­ја и за­тоа мо­ра да се сее што е мож­но по­ра­но во про­лет, до сре­ди­на­та на март.

Се­ме­то од фе­ни­ку­лу­мот со­зре­ва не­рам­но­мер­но. Во на­ши ус­ло­ви се бе­ре рач­но, обич­но два­па­ти. Прв­пат во сре­ди­на­та на август, а вто­ри­от кон кра­јот на сеп­тем­ври. При по­ви­со­ка агро­тех­ни­ка се еви­ден­ти­ра­ни при­но­си од пре­ку 1.200 кг од хе­ктар. Же­тва­та тре­ба да поч­не ко­га се со­зре­а­ни 50-55 от­сто од пло­до­ви­те, би­деј­ќи та­ка се­ме­то по­мал­ку се оси­пу­ва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top