| четврток, 6 декември 2018 |

Челси на зима ќе го засилува нападот, прв пик е Лаказет

Челси на почетокот на сезоната не игра на посакуваното ниво како од минатата година и по шест кола се наоѓа на очајното 15.место со само седум освоени бодови и со заостаток зад лидерот Манчестер Сити од осум бодови.
Тоа го вклучи алармот во стручниот штаб на „сините“, и веќе се размислува за засилување во нападот веднаш во зимскиот преоден рок. Како што пренесуваат медиумите во Англија, раководството на „сините“ со сите сили ќе тргне кон одличниот играч на Лион, напаѓачот Александре Лаказет.

Францускиот напаѓач се поврзува ова лето со трансфер во Арсенал, меѓутоа се одлучи да остане во редовите на Лион и покрај бројните понуди што пристигнаа на негова адреса.
Се очекува дека Челси ќе одвои 30 милиони евра за овој фудбалер, кој имаше импресивна сезона зад себе. На вкупно 40 натпревари постигна 31 погодоци, а и оваа е голем адут на Лион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top