| четврток, 6 декември 2018 |

Миркуловски три недели надвор од теренот

Ракометарот на македонскиот првак „Металург“, Филип Миркуловски ќе паузира три недели. Тој на вчерашниот меч на македонската репрезентација против селекцијата на Шпанија ја обнови старата повреда поради која паузираше две недели во тимот на Металург.

„Пукнат ми е адукторот на левата нога. Се работи за стара повреда, која сега ја обновив. Во моментот чувствувам силна болка. Ме очекува пауза во траење од две до три недели. Повредата дојде во многу непријатен момент, пред важни натпревари на нашата репрезентација и на мојот клуб, Металург. Најверојатно не ќе бидам во состојба да патувам во Шпанија, за што навистина жалам“, изјави Миркуловски за веб-сајтот на Металург.

Вчера на повреда се пожали и Веле Маркоск. Тој се жали на повреда на половината, со што не е сигурен ниту неговиот настап на реваншот во Шпанија.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top