Не културата европска, таа уметност на прогонети и на уништени генијални творци, кои беа валоризирани дури по еден или два века, кога веќе одамна беа населени во Божјата држава, и со емпатиска индигнација гледаа врз новите генерации стручњаци и критичари, исполнети со чувство на вина што се посипуваат со пепел врз нивните, едвај човеколики глави (во етичка смисла), туку европската политичка елита, која, соодветно на нивните ѕверски предци, повторно, и повторно паѓа на истиот тест, кој подразбира една мала, но многу значајна групација прашања од областа на моралот, етиката, доследноста, праведноста, и, едноставно, базичните принципи на човечноста, е опеана како „блудница вавилонска“ од македонските маченици.
А, ние? Како хипнотизирани мајмуни и понатаму сакаме да се вклучиме во овој нивни одвратен, наводно, елитен клуб на измамници, профитери, егоисти и криминалци од секаков тип, но со бели ракавици, навлечени на нивните секогаш грабежливи канџи.
Та, зар изнапатениот и уништуваниот македонски народ од европските непринципиенлната и себична политика не ја испеа таа песна, во која Европа се нарекува „блудница вавилонска“? Народот македонски, кој ја здоби мудроста световна и сакрална низ страдание, не е доволно добар сведок на историската вистина, зар неговата круцијална тестимонија не е доволно втемелена во вистината за да биде вака безумно игнорирана од македонските политички елити на современието?
Но, нели, народот македонски, масакриран безгласно од политиката на „блудницата вавилонска“ бил сочинет од прости луѓе, од селани и ајдуци што нити знаеле што чинат, нити, пак, имале стратегија или, пак, харизма за да ѝ удоволат на оваа колонизирачка и империјалистичка проститутка вавилонска, та, таа да покаже благонаклоност и да го реши поправедно македонското прашање кое, воедно, е и балканско и европско, а поаѓајќи од принципиелноста, и светско.
Значи, така е воспоставена новата кловновска стратегија на македонските политички елити, пред сè, од страна на опозициските корифеи, кои на нашето историско минато гледаат како на пазарски ќенеф, во кој Европеецот не може ни да дефецира од згаденост.
Ајде, велат тие, да направиме од нашата татковина подобар и похигиенски тоалет, за еврокомесарите да не нè избегнуваат и да ги положат безбедно своите фекалии во новиот исчистен ќенеф од историските гнасотии, од нашата недоветност и грдотија.
Затоа хигиената се издига на ниво како сервилност, затоа нашата недвојбена желба за нивната конфорна дефекација генерира како непоимлив мазохизам, затоа без’рбетноста стана главниот квалитет на нашите политички овчари, пред сè, на тие од опозицијата, кои како да не можат да живеат без статусот на слуги и на кодоши на силникот.
Порано тоа беше Белград, сега е Брисел, но како Брисел му е лакеј на Вашингтон ДЦ, така и тие се среќни што, служејќи ѝ на „блудницата вавилонска“, воедно му служат и на „вујко Сем“.
Но, ако се занемари провинцијалната драма во нашата геополитичка касаба, гледаме дека „блудницата вавилонска“ влегува во нови перипетии, од кои долгорочно нема да има излез.
Исто така, и за нашите лобисти на ЕУ доаѓаат тешки времиња, во кои дури и на најбезнадежните идиоти ќе биде тешко да им се објасни нивната бескрајно заматена визија за иднината на Македонија во овој „растур-систем клуб“ на лоботомизирани мајмуни, што станаа спектакуларна точка во циркусот наречен „Пакс американа“.
Што велат нашиве комшии од север – „И над попот има поп“, а над сите овие планетарни силници што веќе неколку века го тормозат светот со својот стаорски империјализам и колонијализам, има сила што им подготвува една класична лекција со епохални магнитуди.
Секако, сите овие кодоши и лакеи од опозицијата тогаш брзо ќе се напикаат во своите глувчешки дупки и ќе чекаат на резултатот од големиот конфликт на „секој против секого“, за да видат кој хегемон ќе преживее за понатаму да владее со светот, а тие ќе излезат од малите смрдливи кодошки дувла со знаците и симболите на победникот и топло ќе му се препорачаат.
Ова го видовме веќе двапати во нашето историско време. Од „Друже Тито, ми ти се кунемо…“, па преку „Америка и Енглеска биќе земја пролетерска…“ и, понатаму, до „ЕУ е единствениот пат за нас“, па „во јато кон НАТО“, па учеството во срамната кампања на македонската армија во Авганистан, па територијалната распределба, па Рамковниот, па Пржинскиот, и сè така до Судниот ден.
Инаку, овие недели ги видовме лигавците од ЕУ на дело, а поводот беше поврзан со бегалската криза. И, така, еден ден тие се хумани и ги отвораат своите домови за кутрите емигранти, а потоа ги затвораат границите, исплашени државите да не им се претворат во ќенеф, сличен на тој што со својата политика го направија на Блискиот Исток.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.