| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Користа од емиграцијата е поголема од ризиците

merkel

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска пред германските пратеници дека потенцијалната корист од емиграцискиот бран е многу поголема од можните ризици.

– Можностите се многу поголеми од ризиците, едноставно треба да признаеме дека е така и да ги искористиме – рече Меркел.

Таа говореше во Парламентот кусо откако лидерите на земјите од Европската унија во Брисел се договорија какви мерки да преземат за да се соочат со емиграциската криза.

Канцеларот изјави дека во ЕУ се уште треба да се постигне согласност за системот на праведно распределување на бегалците во државите-членки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top