Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија денеска (четврток, 24 септември) гостува во Гевгелија.
Љубителите на литературата во овој град на пладневната поетска манифестација во библиотеката „Гоце Делчев“ ќе имаат можност да се сретнат со истакнати автори од различни генераци, меѓу кои: Ристо Лазаров, Ефтим Клетников, Вања Изова Велева, Бранко Цветкоски, Игор Крајчев, Раде Силјан, Трајче Кацаров, Наташа Трајчевска, Веле Смилевски, Кочо Топузоски, Борче Панов, Љерка Тот Наумова, Кирил Кангов, Милица Пашоска, Миле Јовановски Поречанец, Стефан Марковски и Јовица Илиќ.
Годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите до сега гостуваа во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Крушево, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.
До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во Куманово, Велес, Кавадарци и Радовиш. Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре