Агенцијата за филм на Република Македонија во периодот од денеска до 26 септември ќе присуствува на симпозиумот што се одржува во Барселона, Шпанија и ќе ја промовира Република Македонија како дестинација за снимање филмови.
На симпозиумот ќе се разменуваат искуства со филмските комисии од целиот свет со цел развивање на системот и на механизмите што со новиот закон за филмска дејност се спроведуваат од 2014 година.
Годинашната тема на овој настан, како што информираат од Агенцијата, е посветена на филмски туризам, бидејќи, во согласност со анализите направени од експертите во оваа дејност, се утврдува дека филмските комисии денес се натпреваруваат за светска филмска индустрија во вредност од повеќе од 88,3 милијарди долари, додека приходите од туризмот меѓународно се зголемија за над 1 трилијарда долари.
Според истата анализа, утврдено е дека повеќе од една милијарда луѓе патуваат на меѓународно ниво во различни земји за задоволство секоја година, додека секој петти турист е мотивиран од филмови или ТВ-програми. Како најистакнат пример е популарноста на франшизата на филмот „Хобит“ што се снимаше во Нов Зеланд, што ги зголеми туристичките посети во 2014 година на оваа земја за повеќе од 3.155.000.000 долари, а кои во 2013 година изнесуваа 7.000.000 долари.
– Агенцијата за филм на Република Македонија со поддршка на Владата на Република Македонија и Министерството за култура во овој период работи интензивно на промоција на Република Македонија како дестинација за снимање филмови, врши промоција на природните и човечките капацитети со кои располага нашата земја како и промоција на продукциските и пост-продукциските компании и нивните капацитети со цел привлекување на странски продукции да снимаат на нашата територија, како и развој на филмската дејност во земјата – велат од агенцијата.
Како резултат на оваа промоција, додаваат, е снимањето на францускиот филм „А фонд“ во режија на Николас Бенаму, кој почна со своето снимање во септември во Македонија, а минатата седмица во Македонија престојуваа шест високи претставници од големите студија „Ворнер брос“, „Волт Дизни“ како и од „Ентертејмент партнерс“, кои беа запознаени со нашите најубави локации и природни убавини, економските стимуланси и продукциските олеснувања, кои нашата земја ги нуди како и запознавање со компании што нудат продукциски и постпродукциски услуги во нашата земја.
Годинава Агенцијата за филм на Република Македонија стана член на Асоцијацијата на меѓународни филмски комесари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Младите синеасти во фокусот на Европската програма Less is more (LIM)
-
На фестивалот во Олденбург, Агенцијата за филм ќе ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање
-
Агенцијата за филм потпиша меморандум за соработка со Друштвото на филмски работници
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка