Индискиот бизнисмен Субрата Рој повторно доаѓа во Македонија. Наредната недела, за време на неговата трета посета ќе се сретне со претставници од Владата. Ќе престојува во Охрид и во Скопје, а цел на посетата е разгледување на детали за туристичкиот комплекс во Љубаниште, но и за други можни инвестиции.
Тој ќе го финансира и споменикот на Мајка Тереза на плоштадот Македонија во Скопје, за шт0 Министерството за култура во Службен весник веќе објави проектза споменикот, висок 32 метра, сместен на местото каде што порано се наоѓаше чевларот „Kенан“.
Компанијата на милјардерот од Индија, „Сахара груп“, веќе е заинтересирана и за инвестирање и во земјоделството и има предлог проект за комбинатот „Џумајлија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.