Во култното скопско кафуле „Ли“ утре, во 21 часот, ќе биде отворена изложба на графичкиот дизајнер Александар Пешевски.
Александар Пешевски, познат и како Mighty Creation, професионално се занимава со графички дизајн повеќе од една деценија. Интересно е што паралелно работи и на полето на музиката, како гитарист во повеќе музички состави.
Пешевски е познат по минималистичкиот графички израз, а изложбата насловена како „Music & Movies Inspiration“ претставува сублимат на неговите визуелно-музички интереси и ќе опфати девет постери инспирирани од музичката и филмската уметност.
Изложбата ќе биде поставена до 19 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.