| четврток, 6 декември 2018 |

Новата влада на Ципрас положи заклетва

grcka-nova-vladaАлексис Ципрас вчера го објави составот на својата нова влада во која клучното место го има министерот за финансии Еуклид Цакалотос кој треба да ги спроведе непопуларните економски реформи, условот за Грција за да го добие третиот пакет помош од меѓународните кредитори во последните пет години.

Негов заменик е Јоргос Чулиаракис, исто така угледен член во преговарачкиот тим за помошта, а за време на изборната кампања беше В.Д. министер за финансии.

Во министерството за внатрешни работи, во делот за работите поврзани со големиот број мигранти во земјата, задолжен е Јанис Музалас, кој ќе ги обавува работите од секторот на министер за миграции. Никос Коѕијас и натаму е министер за надворешни работи, а Панос Каменос за одбрана.
На изборите во неделата Сириза на Ципрас освои над 35 проценти од гласовите и доби 145 од 300 места во Парламентот, па повторно коалицираше со крајната десница, Независни Грци кои зазедоа 10 пратенички места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top