| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на академик Васко Ташковски во МАНУ

Во Ликовниот салон на МАНУ, вечерва, 23-ти септември, во 19 часот ќе биде отворена изложба посветена на јубилејното 50-годишно творештво на академик Васко Ташковски.

Изложбата ќе ја отвори академик Луан Старова, секретар на Одделението за уметност на МАНУ.

Академик Васко Ташковски е жива легенда на македонскиот современ ликовен израз, еден од најплодните, најеминентните македонски ликовни уметници. Роден, 1937 година, покрај сликарството, се занимава и со наменска сценографија за театар, ТВ и филмски проекти, како и сценографии за разни манифестации (муз. и театарски фестивали, мултимедијални перформанси…).

Во својот творечки опус, се вбројува и како илустратор на повеќе изданија. Дипломира на Академијата за применета уметност во Белград, 1964 год. Покрај сликањето во маслена техника, работи активно и акварел, цртежи и графика.

Има реализирано голем број самостојни изложби, во Македонија, Европа, светот (Каиро, Париз, Анкара, Њујорк, Виена…).

Учесник на повеќе групни, и тематски изложби во Македонија, Европа, светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top