| четврток, 6 декември 2018 |

„Балканска психологија – државници и марионети“ -нова книга од Стефан Влахов Мицов

Книгата „Балканска психологија – државници и марионети“ од проф. д-р Стефан Влахов ги разгледува посебностите на балканските народи во историски, политички, антрополошки и психолошки аспект. При дефинирањето на балканскиот ментален склоп посебен акцент става на психата на етносите кои доаѓаат на Балканот од антиката до новото време. Исто така дава одговор на прашањето: какви се спецификите на балканските народи во времето на Македонската, Римската, Источната Римска империја (Византија), Османлиската и Хабзбуршката империја. Посебно поглавје посветува на балканските потилитичари, државници и марионети.

Стефан Влахов Мицов е автор на дваесет историографски, критичко-есеистички и публицистички дела, како и на капиталното дело „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, кое за неколку години доживеа три изданија. Книгата е во издание на „Матица македонска“ од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top