Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел синоќа телефонски разговарале во врска со европскиот одговор на кризата со сириските бегалци, соопшти Белата куќа.
– Двајцата лидери се согласиле за потребата од сеопфатно европско решение во кое сите членки на ЕУ ќе прифатат праведна распределба на бегалците. Тие, исто така, разговарале и за тоа како да се ублажат причините за бегалскиот бран, посебно за овозможување политичка транзиција која би можела да ги обедини Сиријците- се наведува во соопштението на Белата куќа.
Министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ на средбата во Брисел со големо мнозинство усвоија план за прераспределба на околу 120.000 мигранти ширум Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.