Српската пејачка Александра и рускиот милијардер Андреј Мељниченко (43) кои стапија во брак во 2005 година се сопственици на најскапата јахта во светот.
Јахтата има должина од 142 метри, јарболи високи дури 91 метар и чини 360 милиони евра.
“Sailing Yacht A” има хибриден дизел електричен мотор, осум ката, подводна опсерваторија и може да прими 20 лица и 54 членови на екипажот. Дизајнирана е од страна на Французинот Филип Старк, а изградена е од страна на германското бродоградилиште “Нобискруг”.
Крстаречката брзина на оваа јахта изнесува 30 километри на час, додека максималната изнесува 38 километри на час. Кралската сина боја преовладува во ентериерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Девојката на Роси се соблече на јахта, папараците ја „изедоа за појадок“ (ФОТО)
-
Таа на врвот, тој на дното: Каде е денес партнерот од порнофилмот на Северина?
-
Им го пресекоа одморот: Полицијата ја „чешлаше“ јахтата на Кристијано Роналдо
-
„Мерцедес“ направи јахта: Чудо какво што светот се уште не видел (видео)