| четврток, 6 декември 2018 |

Им го пресекоа одморот: Полицијата ја „чешлаше“ јахтата на Кристијано Роналдо

Цариници и специјални агенти денес биле се забележани на јахтата на Роналдо на која фудбалерот веќе неколку денови се одмора заедно со својада девојка и семејство. Ѕвездата на Реал Мадрид веќе неколку денови е на одмор на својата приватна јахта заедно со својата трудна девојка како и потесното семејство и децата.

Денес семејството на Роналдо било принудено да ја напушти јахтата, откако дошла ненајавена инспекција и побарала јахтата да биде целосно пребарана и „исчешлана“. Оваа постапка на полицијата доаѓа откако претходно во медиумите излегоа информации дека Роналдо ќе биде судски гонет за даночна проневера во период од неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top