| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Нов мамограф за болницата во Гевгелија

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска е во посета на општина Гевгелија, каде ја посети општата болница и одржа работна средба со директорот и началниците на повеќе оддели.

todorov-gevgelija

На средбата беше договорено да се  набави нов мамограф за болницата.

Гевгелиската болница е зајакната со нова медицинска опрема во вредност од 49 милиони денари, нови 33 вработувања за само неколку години, како и повеќе реконструктивни зафати со кои значително се подигна нивото на квалитет на здравствените услуги за жителите на овој регион.

Во изминатите неколку месеци, целосно е реновирано детското одделение во болницата, извршена е замена на подови и прозорци во одделението за физикална терапија, обновен е централниот хол во болницата, а идниот месец ќе отпочне комплетно реновирање на одделението за неврологија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top