
Македонија е земја во која туристите може да се чувствуват безбедно и каде за посета е потребно да се преземат само вообичаените сигурносни мерки. Ова го препорачува „Си-Би-Ес“, која врз основа на податоци на канадското Министартво за надворешни работи изработи карта на ризик за патници во одделни држави, пишува „Балтик њуз нетворк“.
Во опкружувањето како најнебезбедни држави се посочени Грција, Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина, каде што на туристите им се препорачува да бидат многу внимателни, додека во Албанија и во Косово се предупредува на опасност во одредени региони.
Повод за изработката на оваа карта се неодамнешните случаи на силување на туристки во Индија и во Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


