Гувернерот од американската сојузна држава Висконсин, Скот Вокер, кој до неодамна беше сметан за фаворит на Републиканската партија за кандидат за претседателските избори во 2016 година, вчера се откажа од трката за номинација, станувајќи уште една жртва на подемот на Доналд Трамп.
– Сметам дека денеска сум повикан да дадам пример, ослободувајќи простор за да може една позитивна и конзервативна порака да се издигне до врвот. Затоа итно ја повлекувам кандидатурата, изјави Вокер на прес-конференција во главниот град на Висконсин, Медисон.
Тој повика некои од 15 кандидати да го сторат истото за да се намали бројот на републиканците, кои му се ривали на Трамп.
– За жал, дебатите во партијата не се водат околу оптимистичкото гледање за САД, туку се изместуваат во насока на лични напади – нагласи Вокер.
На почетокот на изборниот процес за републиканската претседателска номинација, Вокер важеше за главен фаворит, но пред одлуката за повлекување далеку заостануваше зад водечкиот Трамп.
Последното мерење на рејтингот на сите претенденти, покажа дека Вокер има подршка од само 1,5 отсто од републиканските гласачи. Неговиот неуспех да им се наметне на гласачите, предизвика и повлекување на донаторите за финансирање на кампањата, па Вокер остана без финансиска поддршка.
Бизнисменот и милијардер Трамп, кој не се согласува со раководството на Републиканската партија кога станува збор за даночната политика, може да профитира од повлекувањето на Вокер, затоа што републиканските гласачи се поделени околу големиот број кандидати.
Досегашните донатори на Скот Вокер, сега се префрлени на кампањите на поранешната деловна жена Карли Фиорина, која изби на втората позиција по последната ТВ-дебата, како и на сенаторот од Флорида Марко Рубио, чии позиции кај гласачите продолжуваат да бидат ниски.
Вокер е втор републикански кандидат кој ја повлече својата кандидатура, откако претходно тоа на 11 септември го стори поранешниот гувернер на Тексас, Рик Пери, а таква најава вчера дојде и од штабот на пензионираниот неврохирург Бен Карсон, откако предизвика бранување во дел од политичката јавност со изјавата дека муслиман не може да биде претседател на САД.
Во трката за претседателската номинација на американските републиканци останаа уште 15 кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Руската ТВ ѕвезда Ксенија Собчак, противкандидат на Путин на претседателските избори (фото)
-
Веспрем се повлекува, две нови српски екипи во СЕХА-лигата
-
Живот на дело: Повлечени машините кои го градат автопатот Кичево- Охрид (ФОТО)
-
Почна гласањето за вториот круг на претседателските избори во Франција