Унгарскиот тим Веспрем нема да биде дел од регионалната ракометна лига СЕХА во сезоната 2017/2018, потврдија денеска организаторите во официјалната порака до медиумите.
Откако минатата сезона Вардар прв пат ја освои титулата во СЕХА лигата за време на тригодишното учество на Веспрем, Унгарците ќе се обидат да ги консолидираат своите редови затворајќи се во домашното првенство, градејќи нов тим под водство на Љубомир Врањеш, па на тој начин да ги избришат лошите спомени од доминацијата на македонскиот тим.
Седмата сезона повторно ќе брои десет екипи, но освен Унгарците ќе ги нема и претставниците од Босна и Херцеговина. Минатата сезона тоа беше екипата Извиѓач, а претходно Борац од Бања Лука.
Наместо нив, челниците на лигата им посакуваат добредојде на повратниците од Војводина, а втор претставник на Србија ќе биде Динамо од Панчево. Осумте екипи кои остануваат исти од минатата сезона се: Вардар (Македонија), Металург (Македонија), Загреб (Хрватска), Нексе (Хрватска), Целје (Словенија), Горење (Словенија), Мешков (Белорусија) и Татран (Словачка). Првите натпревари се планирани за 29 и 30 август, но комплетниот распоред ќе биде соопштен подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.