| четврток, 6 декември 2018 |

„Скајп“ повторно работи во целост

Популарната апликација за комуникации „Скајп“ утрово ја обнови нормалната работа, по сериозните проблеми и прекини во текот на вчерашниот ден.

– Мило ни е што можеме да соопштиме дека сервисот „Скајп“ во целост работи, се наведува во официјалниот твит на компанијата.

На сите оние кои вчераа сакаа да се вклучат на „Скајп“ им се појавуваа пораките: „Моментно сме преоптоварени… Ве молиме обидете се подоцна“ или „Симнете го Скајп за користење во кое било време“.

Службата за поддршка на компанијата тогаш соопшти дека е свесна за проблемот што се појавува и дека се работи на негово отстранување.

Причините за вчерашниот „проблем“ засега не се соопштени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top