| четврток, 6 декември 2018 |

Падна „Скајп“

Веќе еден час корисниците на „Скајп“ низ целиот свет се соочуваат со проблеми. Иако се најавени на мрежата, нивниот статус се прикажува како „офлајн“.

Голем дел од корисниците воопшто и не можат да се поврзат преку нивниот комјутер.

Службата за поддршка на „Скајп“ соопшти дека е свесна за проблемот, кој се појави и дека работи на негово отстранување.

Корисниците нема да можат да го менуваат нивниот статус, сите нивни контакни ќе се прикажуваат како да се отсутни и тие нема да бидат во можност да ги повикуваат, наведуваат од седиштето на Скајп.

Тие додаваат дека „пораките се испраќаат нормално“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top