Двајца скопјани и уште едно непознато лице побарале од Косовец 3.000 евра за да не објавуваат компромитирачки материјали за него на интернет, а тој ги пријавил в полиција.
СВР Тетово поднесе кривична пријава за Џ.Џ.(26), А.К.(27) двајцата од Скопје и за уште едно непознато лице за направено кривично дело уцена. Во период од 29.7 до 2.8.2013 година, пријавените преку социјалната мрежа „Скајп“ го уценувале В.К.(37) од Косово дека ќе објават компромитирачки видеозаписи на интернет доколку не им исплати 3.000 евра.
Откако случајот е пријавен в полиција, кај пријавените се пронајдени 1.500 евра претходно технички обработени од страна на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе те кажам на мажот: Полицаец уценувал тетовка откако таа одбила да ја продолжи врската со него
-
Кривична за млад гостиварец: Ја уценувал својата девојка дека ако не му се смири, ќе објави нејзини експлицитни слики
-
Гостиварец уценувал тинејџерка: 400 евра или да излезе со него за да не објави нејзини експлицитни фотографии
-
Кривична за момче од дебарско: Ја уценувал бившата со еротски фотографии, ги пратил на татко и’, по роднини и пријатели