| четврток, 6 декември 2018 |

„Скајп“ разговорот меѓу Ѓоковиќ и Федерер е спортски хит на викендот! (видео)

djokovic i federer

Новак Ѓоковиќ денес го слави својот 29. роденден, а по тој повод, љубителите на тенисот решија да направат урнебесно видео.

Србинот се подготвува за Ролан Гарос, додека еден од неговите ривали Роџер Федерер е во Швајцарија и се одмора од грен слемот поради повреда. Непознат љубител на тенисот монтира разговор на двајцата тенисери на „Скајп“, а за тоа искористи разговори на Ѓоковиќ со фановите, како и разговор на Федерер со Линдзи Вон од пред една година.

– За ова се борев оваа недела – му кажа Ѓоковиќ на Федерер и додаде, Првпат го правам ова, би можело да стане традиција, па вака да се дружиме секоја година. Швајцарецот остана погоден од втората реченица на Ноле, па луто го напушти компјутерот, а Ѓоковиќ остана да си збори самиот со себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top