Србија го доживеа првиот пораз на Светското првенство во ракомет во Шпанија. Српските ракометари денес загубија од Полска, откако примија гол буквално во последната секунда. Голманот Дарко Станиќ, чиј матичен клуб е македонскиот „Металург“ одбрани 19 удари, од кои 11 во првото полувреме. Но тоа не беше доволно за победа на Србија, која имаше водство се до 51. минута. Последните 9 минути се играа гол за гол. Но во последната минута во која Србија влезе со играч помалку по исклучувањето на Ненадиќ, при резултат 24:24, најпрво Станиќ одбрани зицер, а потоа Србија 40 секунди се обидуваше да постигне гол со ракометар помалку. Судиите предупредија на пасивна игра, поради што Момир Илиќ мораше да шутира, но тој удар го одбрани Шмал. За 17 секунди Полска успеа да упати удар и тоа буквално во последна секунда, што го донесе конечниот резултат 25:24.
Драматична завршница имаше и мечот помеѓу Словенија и Белорусија на кој 2 бода заработи Словенија. Белорусија во поголемиот дел од натпреварот имаше водство, а со водство од пет гола замина и на полувреме (17:12). Во последната минута Рутенка беше исклучен поради фаул, за кој беше досуден и седмерец. Голот од седум метри го донесе конечниот резултат 27:26.
Шпанија ја совлада Унгарија со 28-22 (14-14 на полувреме), Саудиска Арабија оствари победа над Јужна Кореја со 24-22, а Австралија загуби од Алжир со 39-15. Хрватска – Египет заврши 24:20.
Група Ц . Сарагоса
Селекции | Бод | Нат | Поб | Нер | Пор | Д.Г. | П.Г. |
Словенија | 8 | 4 | 4 | 0 | 0 | 118 | 99 |
Србија | 6 | 4 | 3 | 0 | 1 | 119 | 95 |
Полска | 6 | 4 | 3 | 0 | 1 | 101 | 85 |
Белорусија | 2 | 4 | 1 | 0 | 3 | 102 | 105 |
С.Арабија | 2 | 4 | 1 | 0 | 3 | 80 | 112 |
Ј.Кореја | 0 | 4 | 0 | 0 | 4 | 91 | 115 |
Група Д . Мадрид
Cелекции | Бод | Нат | Поб | Нер | Пор | Д.Г. | П.Г. |
Шпанија | 8 | 4 | 4 | 0 | 0 | 135 | 71 |
Хрватска | 8 | 4 | 4 | 0 | 0 | 121 | 74 |
Унгарија | 4 | 4 | 2 | 0 | 2 | 118 | 94 |
Aлжир | 3 | 4 | 1 | 1 | 2 | 97 | 97 |
Eгипет | 1 | 4 | 0 | 1 | 3 | 91 | 108 |
Aвстралија | 0 | 4 | 0 | 0 | 4 | 52 | 169 |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.