Во текот на изминатите пет фестивалски денови на „Скопје креатива 2015“ под мотото „Скопје – мојот град!“ се одржаа изложби, презентации, предавања, работилници, панел дискусии поделени во категориите – моден, графички и индустриски дизајн, мултимедии и перформанси во јавен простор.
Посетителите имаа можност да учествуваат на серијата презентации. За улогата на интернетот и социјалните мрежи, кои се огромно поле за креативно изразување презентација имаше Драган Варагиќ.
Дел од програмата вклучуваше и неколку презентации на Seavus – Едукативниот и развоен центар, кој во своето едукативно портфолио содржи курсеви и обуки одлично скроени за младите креативци, како и на агенцијата Мекен Скопје, која се однесуваше на начините како креативецот да се издвои од преостанатите.
Изабела Рутковска од Полска се обиде да им ги доближи на сите учесници проектите кој ги реализираат низ Европа, а кои имаат за цел интервенција во јавниот простор, а Слободан Јовановиќ го претстави Пактивити проектот за дизајн награди од Србија.
Креативниот сектор на интернет алатки го претставија два проекти од земјава: ФИНКИ, меѓудругото презентираа апликации за рано идентификување на опасност од природни непогоди, а Inteligent Network Solutions апликацијата Skopje 2 Go и за неговата функција за олеснетото функционирање во рамки на градот. Работилници на Ласко Џуровски за типографски решенија,на Марија Ветероска за картички и мапи од стари дебармаалски градби, надополнети со изложбата на логоа од Костадин Танчев Динка, беа проекти кои одлично го претставија македонскиот графички дизајн.
Голем интерес предизвикаа работилниците и на странските гости. За дизајнот и неговото значење презентации и работилници одржаа Марко Миладиновиќ од словенечкото дизајн студиото Армада,Борут Вилд – професор и дизајнер од Србија со долгогодишно искуство во социјалниот дизајн.
Од регионот гостуваа и организаторите на Тиранската недела на дизајнот, кои на учесниците им ги претставија амбициозните дизајн проекти од престолнината на Албанија.
Модниот дизајн беше застапен од Изет Цури, реномираниот скопски моден дизајнер кој со години живее и успешно работи во Париз. Програмата на Скопје креатива 2015 вклучуваше и работилници за развивање на креативноста кај дечињата.
Од Полска гостуваше Јан Бајтлик – најперспективниот полски типограф и графички дизајнер и автор на типографски книги за деца, кој одржа работилница за деца кои цртаа постер за 8. Меѓународен конкурс за плакат на тема „Сите за луѓето со хендикеп“.
Во текот на изминатите пет фестивалски вечери беа покажани и анимациите од реномираната полска школа за анимација и филмските остварувања на студенти од Факултетот на драмски уметности и мултимедијалните содржини продуцирани од ОХО.
Дневната програма беше надополнета со вечерната музичка селекција на настапи на домашни и странски диџеи и бендови – ПМГ Колектив, DJ Зоки бејбе, Канда Коџа и Небојша,DJИлина Ангеловска, Doesnt Frogs од Бугарија, DJ Ивана Драгшиќи. Концептот на поп-ап сторовите се покажа како успешен дел од фестивалот, каде што занаетчиите и уметниците можеа директно да се претстават пред присутните и да ги понудат своите производи.
Посебноста на овој проект беше и фактот што учество земаа сите образовни институции кои во своите програми содржат креативни правци.
Фестивалот за креативни индустрии – Скопје Креатива 2015 ја оправда улогата на проект кој понуди поинаква скопска приказна, а воедно ги поддржува и промовира уметниците во и надвор од државата истовремено создавајќи основа за соработка помеѓу бизнис секторот и креативците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ралф Ѓони, ПР и комуникации за брендирање на градови: Да се брендира град значи да се креира атрактивна приказна
-
Почна фестивалот „Скопје креатива 2017“
-
Почнува ново издание на Скопје креатива: „Креирај, кокреирај!“ – Do Create! Co-create!
-
Собата на Ван Гог, мебел од еко дизајн и проекции на студентски филмови на „Скопје креатива 2017“