| четврток, 6 декември 2018 |

ПАСОК демантира дека ќе соработува со Сириза

пасок

Грчката партија ПАСОК денеска објави кусо соопштение во кое ја отфрли можноста за соработка со Сириза која победи на вчерашните парламентарни избори во Грција.

– Категорично ги негираме гласините дека Ципрас упатил предлог за соработка до ПАСОК – соопшти прес-службата на партијата.

Во соопштението се вели дека гласините биле поткрепени со изјавите дадени од страна на лидерот на Независни Грци Панос Каменос, по денешната средба со Ципрас, кои, според ПАСОК „не се достојни за коментар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top