| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Нова демократија води за осум проценти пред СИРИЗА

nea demokratijaГрчката конзервативна партија Нова демократија зема замав и веќе ја надмина за осум проценти радикалната левица СИРИЗА, покажуваат податоците од истражувањето на јавното мислење, спроведено по нарачка на телевизија Скај.

Податоците покажуваат дека ако сега има избори во Грција, Нова демократија ќе победи со 24,5 отсто од гласовите наспроти 16,5 отсто за СИРИЗА.

Според претходното вакво истражување, направено на крајот на февруари, разликата помеѓу двете партии беше 6,5 поени.

Веднаш зад нив се екстремно десничарската Златна зора и Комунистичката партија со 6,5 отсто. За Демократскиот блок (ПАСОК-ДИМАР) и Сојузот на центристите би гласале четири отсто од анкетираните.

Партиите Потами и Независни Грци се под парламентарниот праг од три проценти. Тие сега уживаат доверба кај 2,5 отсто од гласачите.

Вкупно 24 проценти од анкетираните изјавиле дека се уште не одлучиле за кого ќе гласаат, а 50,5 отсто сметаат дека на следните избори ќе победи Нова демократија, додека 20,5 отсто се на мислење дека победник ќе биде партијата СИРИЗА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top