Пратеник од Сириза од говорницата на грчкиот парламент се обрати до „пријателите од Северна Македонија“ на за нас разбирлив јазик. Ако внимателно се слуша неговото обраќање јасно ви е дека тој јазик има повеќе бугарски елементи, освен на пример зборот „пријатели“ и сл., кој е ист и кај Бугарите и кај Македонците.
Бугарските медиуми пренесоа со право дека тој ни се обрати на чист бугарски јазик. „Денешен“, објави дека иако можеби со добра намера, пратеникот на Сириза ни се обрати на бугарски јазик за што сведочат зборовите кои тој ги употреби: „Както се разбрахме“, „всичко“, „разделја“ „да видим“, „това“, „сотрудничество“ итн. Некои зборови како, на пример, „това“ се употребува во струмичко, веројатно и во Егејска Македонија, но целиот контекст на реченицата на грчкиот пратеник, вклучувајќи го и акцентот упатува повеќе на Бугарија, отколку на Македонија.
Наспроти ова, дузина т.н. медиуми пренесоа дека грчкиот пратеник ни се обратил на македонкси јазик. Впрочем, еве што точно кажа Грчкиот пратеник:
–Пријатели од Северна Македонија, както се разбрахме, време е да оставиме назад всичко които не разделја и да видим напред това което е заимнето пријателство и сотрудничевство и љубовта.
Колку ова е на македонски јазик, што би требало да ви ги стопли душите, демек, еве колку е добар договорот и колку сега не сакаат Грците, проценете сами. Еве го уште еднаш и видеото од говорот на пратеникот – нашиот дел е по 4-та минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одреден притвор за уште еден опозициски пратеник во Црна Гора
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија
-
Пратеник може да биде приведен, за притвор и одземање на имунитетот решава Собранието