Денот на НАТО, 4 април, се одбележува и во Македонија. На свеченоста што ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје ќе се обрати министерот за одбрана, Талат Џафери.
Настанот, во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија, а под покровителство на Министерството за одбрана, е дел од проектот „НАТО недела – обезбеди ја иднината“, чија основна цел е одбележување на денот на НАТО, промоција на историјата, вредностите и целите на алијансата, како и истакнување на значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија.
Денот на НАТО е настан кој традиционално се одбележува во сите земји-членки на НАТО, како и во земјите-партнери. На овој ден во 1949 година во Вашингтон, 12 земји го потпишале договорот со кој е конституиран Северноатлантскиот сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


