Пау Гасол блескаше на европскиот шампионат и апсолутно заслужено ја доби наградата за најкорисен играч на турнирот, а Шпанија се закити со златниот медал. Иако на почетокот на првенството Шпанците не играа на очекуваното ниво, пласманот во вториот круг дури беше и доведен во прашање, на крајот ја вратија титулата европски првак во своите витрини.
Пресвртница беше мечот против Германија и победата од 77-76 по која го осигураа пласманот во нокаут фазата. Гасол беше лидер со извонредни партии баскет во континуитет, а „црвената фурија“ се искачи на европскиот врв.
„Игравме најдобро кога беше најтешко и горд сум и на своите претстави и на комлетната репрезентација. Се мачевме на почетокот на турнирот, но и одлично реагиравме на сите проблеми. Шпанија покажа карактер и кога бевме на работ на амбисот реагиравме на вистински начин со добра игра и победи. Лично, овој турнир и успех ќе ги паметам засекогаш“, рече Гасол.
Со извонреден просек од 25,6 поени и 8,8 скока, Гасол, беше убедливо најдобар поединец на Евробаскетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето