| четврток, 6 декември 2018 |

Кралска претстава на Реал, полуфиналето е на повидок по победата од 3-0 (видео)

Реал Мадрид е на прагот на полуфиналето во Лигата на шампионите, по победата од 3-0 против Галатасарај, а од нула реваншот ќе го почнат Борусија Дортмунд и Малага, по вечерашното реми без голови во Шпанија.

Напаѓачкото трио, Роналдо, Бензема и Игуаин со по еден гол го декласираа противникот од Турција и на реваншот ќе патуваат со огромна предност. Резултатот е ист како тој во април 2001 година кога повторно во четврт-финалето на Лигата на шампионите, Реал дома победи со 3-0 со истиот противник. Во реваншот беше 3-2 за Галатасарај.

Вториот дуел од четврт-финалето, што се играше вечерва, исто така во Шпанија, заврши без голови. Малага не успеа да се избори за предност пред реваншот во Дортмунд за една седмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top