Поранешниот македонски ракометен шампион, Металург и оваа година ќе учествува во Лигата на шампионите откако доби покана од европската куќа на ракометот (ЕХФ) да се најде во групите со послаб квалитет.
Првиот натпревар го игра против Мотор Запорожје на гостински терен, и ќе се обиде со максимална борба во текот на сите 60 минути да дојде до позитивен резултат. Мотор важи за голем фаворит, но новите ракометари кои ги доведе Лино Червар во тимот не се предваат и се подготвени да се обидат да направат изненадување.
Тренерот на Металург пред патот за Украина во четвртокот истакна без разлика на резултатот, македонската публика ќе је препознае борбената игра на екипата.
– Знаеме се што треба да се знае за Мотор, тоа е квалитетен тим што летово уште повеќе се засили. Во подготовките му дадоа над 30 кола на Кјелце, играа одлично со ривали од Бундес-лигата – истакнува тренерот на Металург, Лино Червар.
Хрватскиот стратег потенцираше дека најзначајно за него ќе биде тимот да покаже карактер и да се бори во текот на сите 60 минути.
– Најважно е да покажеме желба за борба, да гинеме за секоја топка. Ова е млад тим и резултатите можеби ќе варираат во периодот, но ако се бориме на секој натпревар, народот, нашите навивачи ќе знаат да го ценат тоа и ќе ни ја даваат поддршката што ја заслужуваме – вели Червар
Натпреварот започнува денеска во 17.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.