| четврток, 6 декември 2018 |

Изборниот скандал во Чаир под лупа на обвинителството

 Скопското обвинителство побара од Државната изборна комисија да им прати известување со информации за изборните неправилности во Чаир. Откако ќе ги разгледа информациите, обвинителството ќе реши дали ќе отвори истрага и дали ќе бара одговорност за изборен фалсификат, јавува „Канал 5“.

Обвинителството одучило да покрене постапка по допрен глас бидејќи ДИК официјално не испратило известување.

ДИК вчера разреши вкупно 140 члена на избирачки тела во Чаир, меѓу кои и десетте члена и заменици на Општинската изборна комисија во Чаир. Претходно беше утврдено дека Општинската изборна комисија погрешно ги пресметала гласовите на кандидатите за градоначалник на Чаир во првиот круг и додала 992 гласа на резултатот на Изет Меџити.

Гласовите биле одземени од други кандидати, а по одлуката на ДИК и Управниот суд во Чаир ќе има втор круг. Ќе се натпреваруваат Изет Меџити, кој освои повеќе од 48 проценти од гласовите во првиот круг, и Мухамед Тачи од ДПА, кој освои речиси 19 проценти од излезените гласачи.

Според Кривичниот законик, за изборна измама, доколку се докаже, е предвидена минимална казна затвор од 5 години за членови на избирачки тела кои учествувале во измамата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top