| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија почна да крева ограда и на границата кон Хрватска

ograda

Унгарија почна да крева ограда и долж границата со Хрватска за да го пресече дотокот на мигранти, и веќе распоредила стотици војници и полицајци, информира премиерот Виктор Орбан на унгарското национално радио, пренесоа британските медиуми.

Орбан прецизира дека оградата долж критичната 41 километар долга гранична отсечка, во која двете земји не се разделени од река, ќе биде завршена во кратки рокови.

-Треба да ги спроведеме истите мерки како долж српско-унгарската граница – рече Орбан, додавајќи дека во моментов 600 војници работат на оградата и дека подоцна денеска треба да бидат испратени уште 500, додека за време на викендот се очекуваат и нови 700 војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top