Културната установа „Блесок“, на 19 септември, од 21 часот, во клубот МКЦ организира промоција на единаесеттата збирка поезија на починатиот поет Игор Исаковски, „Дека да“.
„На роденденот на Игор, песни од последната збирка што тој ја напиша ќе читаат неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Владимир Мартиновски. Ќе свири Тони Китановски. Да зборуваме за Игор, да ги читаме неговите стихови и да ја слушаме музиката што ја сакаше“, велат организаторите.
Исаковски почина во декември минатата година. Тој претставува еден од најеминентните македонски поети, преведувачи и издавачи. Основач и директор е на културната установа „Блесок“, каде што работеше како главен и одговорен уредник на истоименото списание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.