Во Македонскиот народен театар од денеска, 16-ти септември до 25 септември ќе биде отворена изложба насловена „Миграција на Турците од Азија во Анадолија“ од уметникот Рауф Тунџер.
Изложбата, која е во организација на „Институтот Јунус Емре“ – Турски Културен центар Скопје, ќе биде свечено отворена во 19:30 во просториите на МНТ.
Светски познатиот реномиран ликовен уметник Тунџер е автор на бројни самостојни изложби во Турција и во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.