| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со кисело млеко

Некои диети можат да бидат вистинска мака, меѓутоа постојат и одлични, хранливи, кои не се тешки за држење. За љубителите на киселото млеко, еве една таква.

hitkujna-kiselo-mleko

Можете да изгубите 5-6 килограми за 10 дена, а оваа диета е одлична, затоа што нема забрана во намирниците! Внесувате и протеини и јаглехидрати и диетални влакна.

Сепак, бидејќи станува збор за рестриктивна диета, не би требало да се држи подолго од 14 дена.

Киселото млеко е исклучително корисна намирница која ја нормализира активноста на гастроинтестиналниот тракт, го подобрува имунитетот, помага во „собирањето“ и исфрлањето на токсините од организмот и го поттикнува метаболизмот. Ги содржи сите неопходни нутриенти: масти, јаглехидрати и протеини, па затоа спаѓа во групата на комплетни намирници.

ДИЕТА СО КИСЕЛО МЛЕКО-што се препорачува:

500 г природно кисело млеко

до 300 г овошје дневно (без грозје, диња и лубеница)

до 100 г месо дневно (пилешко и мисиркино без кожичка и масти, риба)

до 300 г зеленчук дневно (домати, ротквици, краставица, пиперка…)

до 300 г темнолистест зеленчук (зелена салата, кељ, зелка, рукола, ендевија…)

Напомена: Количината на киселото млеко која ќе ја користите во поедините рецепти, зависи од вашата желба и вкус.

Важно е да се изедат 500 г кисело млеко, а како ќе го распоредите по оброци, останува на вас.

Појадок:

-Желе од кисело млеко и малини

-Шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал

Ручек:

-Топол билковен чај

-Ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечена на ситни тркалца

-100 г варено месо

-Салата од краставица, домати и зачински билки

-По желба кисело млеко

-Чаша топла лимонада (без шеќер)

Попладневна ужина:

-Домат со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и во блендер кратко измиксајте.

Вечера:

-Шолја топол билковен чај

-Боранија зготвена на пареа со кисело млеко

-Чаша топла лимонада (без шеќер)

Изборот на намирници е доста голем и разновиден, па така нема да ви биде тешко десет дена да ги одбегнувате производите од житарици, како и слатките.

Секако, не заборавајте на физичката активност и секој ден одвојте по 30 минути, барем за брзо одење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top