Тековно потрошените средства во земјоделството (инпут 1), во август годинава во споредба со истиот месец лани бележат намалување за 6,9 отсто, додека средствата за инвестиции (инпут 2) се зголемени за 1,2 процента.
Според Државниот завод за статистика, во делот аутпут, цените на растителното производство се намалени за 3,4 отсто, а за добиточното производство два процента.
Цените во земјоделството во август 2015 година, во однос на истиот месец лани, кај инпутот се намалени за 5,7 отсто, а кај аутпутот за 2,9 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности