Во среда на 16. септември во 20,00 ч. во клуб ресторанот МКЦ, ќе се одржи една невообичаена „сестринска“ промоција на најновите книги на Ана Димишковска и Билјана Костовска-Димишковска, во издание на ДИД Табернакул.
„Приватна збирка“ на Ана Димишковска претставува чудесна збирка есеи инспирирани од ликовни дела и од книги во кои авторката ги искажува своите впечатоци од нив и контемплативно ги изразува своите мисли и емоции.
„Денешниот ден“ на Билјана Костовска-Димишковска е необична книга во која авторката интересно ги осмислува страниците исполнувајќи ги со сопствени фотографии и мисли. Поделена е на нешта на кои авторката им го посветува денешниот ден, како формите, колачињата за слава, глуварчето…
За книгите, уметноста и убавото со авторките ќе разговараат Владимир Мартиновски и Вангел Ноневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.