| четврток, 6 декември 2018 |

Исплатена оштетата на поплавените семејства во Струмичко

Владата на Република Македонија денеска на 394 лица од струмичкиот регион им исплати 29,9 милиони денари оштета од поплавите.

poplavi-18

 

Исплатата на штетите од поплавите следува по даденото ветување од страна на Владата.

Министерството за финансии денеска соопшти дека исплатени се и 527 илјади денари на граѓаните во Градско и 489 илјади денари на граѓаните од Чешиново­-Облешево.

Досега се исплатени вкупно 144,24 милиони денари на 2.218 оштетени од поплавите кои се случија годинава.

Отштета е исплатена и на граѓаните од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово, Кривогаштани, Велес, Пробиштип и Штип. ­ Владата ќе продолжи со исплатата на отштетата од поплавите, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top